11 август 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во своето гостување во емисијата „Клик“ на РТВ21, упати остри критики кон коалицијата ВЛЕН поради нивното влегување во Владата, оценувајќи го како потег направен без изборен легитимитет.
Ахмети порача дека ова треба да биде последната грешка во која албанските партии одлучуваат да бидат дел од извршната власт без поддршката од мнозинството на својот електорат, додавајќи дека претставниците на ВЛЕН „многу евтино ја продале својата кожа“.
Тој направи паралела со минатото, нагласувајќи дека ДУИ владеела една деценија во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и уште една деценија со СДСМ, но никогаш не прифатила да биде дел од Владата без претходен конкретен договор кој ги штити интересите на Албанците.
„Трагедијата е зошто Албанците да бидат учесници во вакви денигрирачки игри за својот народ. Се молам на Бога оваа грешка албанските политички партии да не ја повторат во иднина. Колку самите сфатиле што направија, останува на нив да се дообјаснат, бидејќи ја продадоа кожата премногу евтино. Јас во власта можеби не одев со гигантски чекори, но одев со аритметички чекори – во секој мандат ги проширував правата на Албанците врз основа на Охридскиот договор и никогаш не ги минимизирав,“ изјави Ахмети.
Лидерот на ДУИ потсети на континуираниот раст на застапеноста на Албанците во државните институции, која според неговите зборови од 1-2% се искачила на 22-23%. Сепак, тој ги обвини ВЛЕН за деградирање на постигнатото, посочувајќи дека нерезидентните Албанци биле избришани од официјалните статистики, со што вкупниот процент на Албанци од 29,7% бил сведен на 23-24%.
„Ако малку се поместеа напред, или ако барем ја задржеа ситуацијата онаква каква што ја оставивме ние, тоа ќе беше успех за Албанците. Но, ситуацијата деградираше до тој степен што сега ќе ни биде потребна многу енергија за да ја вратиме посакуваната состојба во земјата. Јас не барам од нив да направат толку колку што направивме ние, бидејќи јас оваа власт ја начекав на нула, а им ја оставив со Албанец премиер,“ заклучи Ахмети во интервјуто за РТВ21.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

