10 август 2026
• од Гоце Кически
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, но интензитетот надвор од градските средини е зголемен. На неколку гранични премини има подолги задржувања.
На Табановце за влез во Македонија се чека повеќе од еден час, а за излез околу 30 минути. На Пелинце задржувањето за влез е околу еден час, а за излез околу 30 минути.
На Богородица се чека околу 30 минути и за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Утрово сообраќајна несреќа го отежна движењето на патот Гостивар – Стража. Според неофицијални информации, се судриле четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за несреќата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. На повеќе патни правци постои опасност од одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

