25 април 2025
• од Вардарски
Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегна на тешките повреди здобиени денеска во пукање во близина на Полициската станица Бит Пазар во Скопје. Според информациите објавени од весникот „Коха“, Сулејмани починал на операциона маса на Државната клиника во Скопје.
Засега непознати лица испукале неколку куршуми кон Сулејмани, нанесувајќи му повреди на главата, градниот кош и други делови од телото.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска, на 25 април 2025 година, околу 14:00 часот, во СВР Скопје било пријавено пукање на улицата „Војдан Чернодрински“, во реонот на Бит Пазар. Полициски службеници веднаш излегле на терен и констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било сериозно повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. На местото на инцидентот биле пронајдени повеќе чаури.
Полицијата работи на расветлување на случајот и истражува дали пукањето има поврзаност со претходна физичка пресметка меѓу две групи што се случила пред две недели.
Истрагата е во тек.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

