Полициска службеничка во проблеми: Како си исплатила бонус без да ги исполни условите?
МВР поднесе кривична пријава против полициска службеничка поради злоупотреба на службената положба. Таа, како началник на Одделение за обезбедување на странски делегации, си овозможила бонус плата за 2023 година иако не ги исполнила условите согласно Законот за работни односи.
На 5 јуни 2024 година, пријавената изготвила список со 11 полициски службеници за кои утврдила право за бонус, а потоа и самата се впишала на списокот, добивајќи исплата на парични средства на својата сметка.
Министерството ќе поднесе предлог за дисциплинска постапка против неа и ќе ја отстрани од работното место додека трае постапката.