11 април 2025
• од Вардарски
Утре, сабота (12 април 2025 година), во 11:00 часот, на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ ќе се одржи свечена церемонија по повод официјалното пуштање во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“.
На настанот ќе присуствуваат високи владини делегации од Северна Македонија и Косово, вклучувајќи министри, вицепремиери, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор. Церемонијата ќе ја предводат премиерите на двете држави – г. Христијан Мицкоски и г. Албин Курти.
Во контекст на одржувањето на овој значаен настан, Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај најавува дека во периодот од 10:30 до 12:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на патниот правец од скопската обиколница до граничниот премин Блаце.
СВР Скопје упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот за време на настанот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

