27 април 2025
• од Вардарски
Околу 8.000 гледачи се собраа на стадионот „Спартак“ во Варна за да го проследат хуманитарниот фудбалски натпревар помеѓу легендите на бугарската репрезентација од Светското првенство во 1994 година и ѕвездите од Република Македонија.
Фудбалските икони како Христо Стоичков, Емил Костадинов, Красимир Балаков и Јордан Лечков повторно заиграа на теренот, носејќи радост на присутните фанови. Натпреварот имаше благородна цел — средствата собрани од настанот ќе бидат донирани за лекување на настраданите од неодамнешната трагедија во Кочани.
Организаторите изразија надеж дека хуманитарната помош ќе биде искрено прифатена и ценета, потенцирајќи ја важноста на солидарноста и човечноста во вакви тешки моменти. Во своите пораки тие нагласија љубов кон сите луѓе од историко-географската област Македонија, додека го осудија ширењето на идеологии што внесуваат поделби.
Настанот во Варна е уште еден потсетник за силата на спортот да обединува и да ја истакнува важноста на заедничката поддршка и човечката солидарност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

