05 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
И денеска продолжија протестите и блокадите организирани од граѓаните на скопската општина Аеродром, кои бараат итно решение за проблемот со депонијата Вардариште.
Жителите револтирани од лошиот квалитет на воздухот и неподносливиот мирис кој постојано се шири од оваа депонија излегоа повторно на улиците за да го изразат своето незадоволство. Според нив, константното горење на Вардариште сериозно ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните.
Блокадите траат веќе неколку денови, а денеска повторно беше блокирана клучната раскрсница помеѓу булеварите АСНОМ и Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.
Граѓаните најавуваат дека протестите ќе продолжат сè додека институциите не преземат конкретни мерки за решавање на овој долгогодишен проблем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден