14 мај 2025
• од Вардарски
На 13 мај 2025 година, полицијата извршила претрес во дом во село Дедели, општина Валандово, при што било пронајдено наркотично растение – марихуана. Акцијата била спроведена од страна на полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово, врз основа на судска наредба.
Во текот на претресот, слобода му била одземена на 43-годишниот Џ.О. од истото село. Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Валандово.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, кој ќе преземе натамошни правни дејствија. Во текот на денот, против Џ.О. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а потоа тој ќе биде изведен пред судија од Основниот суд во Гевгелија.
Полицијата продолжува со активности за откривање и спречување на недозволена трговија со наркотични средства во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

