24 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Повеќе од една недела жителите на Прилеп и Битола се соочуваат со неочекуван административен проблем – не можат да извадат извод од матичната книга на родени. Причината? Нема хартија за печатење.
До редакцијата на пристигнаа поплаки од граѓани кои се жалат дека службите во овие два најголеми града во пелагонискиот регион ги одбиваат нивните барања за изводи, објаснувајќи дека недостасува специјализираната хартија неопходна за издавање на овие документи.
Овој недостиг предизвикува сериозни последици – граѓаните не можат да завршат бројни административни обврски за кои се бара извод не постар од шест месеци. Тоа значи блокирање на уписи, конкурси, патувања и други потреби што зависат од овој основен документ.
Ситуацијата, иронично коментирана од граѓаните како „скандинавска“, ја открива кревкоста на системот кој, и покрај дигитализацијата, сè уште е зависен од банални ресурси како хартија. Од надлежните институции засега нема официјално објаснување кога ќе се надмине проблемот.