08 февруари 2025
• од Вардарски
Синоќа во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип.
Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на две години и 5 месеци од казната.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
