28 февруари 2025
• од Вардарски
Вчера во 16 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с. Горно Палчиште, С.У.(50) од с.Долно Палчиште и Ј.И.(43) од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка.
Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

