02 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Српскиот историчар и поранешен дипломат, проф. д-р Милан Ст. Протиќ, повторно предизвика бурни реакции во јавноста со своите остри и контроверзни изјави за македонскиот национален идентитет. Во последното интервју, Протиќ тврди дека македонската нација, јазик и црква се, според него, „вештачка конструкција“ создадена во времето на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.
„Па, Македонците се измислени од Тито. Каква нација е тоа? Тоа не е нација. Да не се шегуваме“, изјави Протиќ, нарекувајќи го македонскиот национален проект „слаб експеримент“ што не е органски изграден од народот, туку „насаден одозгора“.
Тој додаде дека Тито го „измислил нивниот јазик, нивната црква, па дури и нивниот идентитет“ во обид да се создаде нов политички ентитет на Балканот кој ќе го стабилизира регионот во рамките на тогашната СФРЈ.
„Тие се создадени во последниот половина век. Тие не постојат поинаку“, нагласи Протиќ. Според него, македонската православна црква, која беше прогласена за автокефална во 1960-тите години, е исто така „вештачки наметната“ и не произлегува од долга духовна традиција.
Како паралела, Протиќ го спореди случајот со Босна и Херцеговина, каде што, според него, постои слична криза на идентитет, но врзана со религијата. „Само таму идентитетот е поврзан со религијата, а во Македонија, дури ни тоа не е“, рече тој.
Ова не е првпат проф. Протиќ да изнесува вакви ставови. Тој и претходно бил познат по својот критички тон кон постјугословенските национални идентитети, особено на оние што се појавиле како резултат на распадот на Југославија.