02 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Професорот по евроинтеграции на Државниот универзитет во Тетово, Мухамер Пајазити, во својата колумна објавена преку информативната агенција Илирија – ИНА, изнесува став дека Македонците имаат повеќе причини да го учат албанскиот јазик отколку да развиваат отпор кон него.
Во текстот со наслов „Десет причини зошто треба Македонците да го учат албанскиот јазик, а не да го мразат“, Пајазити тврди дека историските политики на ограничување на употребата на албанскиот јазик оставиле негативни последици не само врз Албанците, туку и врз самите Македонци.
Авторот наведува дека во изминатите децении имало бројни случаи на институционални мерки кои го ограничувале користењето на албанскиот јазик. Меѓу нив ги споменува затворањето на албанските средни училишта во 1980-тите години, забраните за користење албански имиња, одбивањето да се отвори универзитет на албански јазик, како и недоволното присуство на албанскиот јазик во јавниот простор и во највисоките правни акти.
Според Пајазити, ваквиот пристап не придонел за стабилност, туку, напротив, создал дополнителни поделби и недоверба. Тој оценува дека „негативната енергија“ и, како што вели, „скандалозниот пристап“ ги направиле Македонците посиромашни – културно, економски и општествено.
Во аргументацијата, професорот истакнува дека албанскиот јазик припаѓа на индоевропското јазично семејство и има длабоки историски корени. Според него, јазикот опстанал низ различни историски периоди и империи, што, како што наведува, укажува на неговата трајност и културна вредност.
Пајазити наведува повеќе конкретни придобивки од учењето на албанскиот јазик:
Во заклучок, Пајазити повикува на промена на начинот на размислување и на напуштање на отпорот кон албанскиот јазик. Според него, учењето и официјализирањето на јазикот на целата територија на државата би донело конкретни општествени и економски придобивки.
Колумната отвора поширока дебата за улогата на јазикот во мултиетничките општества и за тоа дали познавањето на повеќе јазици треба да се гледа како политичко прашање или како можност за напредок и меѓусебно разбирање.
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

