Пронајдено малолетното девојче од село Кадино кое се оддалечило од дома
Полициски службеници од СВР Скопје успешно го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско, кое се оддалечило од својот дом.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера (13 април 2025) од страна на еден од родителите во Полициска станица Петровец. По преземените мерки и активности, полицијата го лоцирала девојчето во село Илинден.
Како што соопштија од полицијата, девојчето било пронајдено заедно со својот родител, а се утврдило дека доброволно отишла кај нејзин познаник во споменатото село.
Полицијата продолжува со утврдување на сите околности поврзани со случајот, а девојчето е безбедно и вратено на грижата на родителите.