08 февруари 2025
• од Вардарски
За денеска е најавен протестен марш во Неготино-„Стоп за сообраќајното насилство“. Го организираат блиските на Фросина Кулакова која беше прегазена од Васил Јованов на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Целта е да се испрати порака до јавноста и да се подигне свеста за трагедиите коишто се случуваат на улиците.
Во меѓувреме, Апелацискиот суд во Скопје ја прифати жалбата на Обвинителството и ја преиначи казната за Васил Јованов за поседување и продавање марихуана и кокаин и му додели три години и 10 месеци затвор за трговија со дрога.
Деталите за пресудата беа објавени неколку часа откако родителите на Васил Јованов за првпат се појавија во јавност со адвокатот на нивниот син. Тие изразија сочувство до семејството на Фросина Кулакова и тврдат дека тие не му го дале возилото на синот, туку тој им го украл. Татко му, Зоран Јованов демантира дека некогаш се обидел да влијае на судски постапки.
Адвокатот на Јованов порача да се разгледаат фактите, а не предвреме да се носи суд. Истакна дека прес-конференцијата не е обид за намалување на тоа што се случило, туку повик за институциите да си ја завршат својата работа во судска постапка, наместо да се бара правда на улицата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

