17 јули 2026
• од Темелко Тошев
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески порача дека сè уште е рано да се даваат точни правни квалификации за скандалот со загадената вода во Гостивар, нагласувајќи дека во тек е интензивно прибирање на информации од надлежните институции. Случајот ја вознемири јавноста откако локалната болница пријави алармантна бројка на пациенти со симптоми на труење.
Официјалните податоци од гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад“ покажуваат дека во период од само три до четири дена, лекарска помош побарале дури 1.200 граѓани. Пациентите масовно се жалеле на симптоми на дијареја и повраќање, што претставува исклучително и драстично зголемување во споредба со нормалниот просек.
Поради сомнежите за небезбедност, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде итна забрана за пиење на водата од градскиот водовод. Првичните наоди на АХВ и надлежниот обвинител открија шокантен податок – во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво и без никакво одобрение, била поставена пумпа која директно вбризгувала вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем.
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески истакна дека надлежен обвинител веќе работи на утврдување на сите околности за да се потврди дали станува збор за кривично-правен настан.
„Да не избрзувам со правната квалификација околу настанот. Дејствијата се преземаат токму денес. Очекувам и јас информации од страна на надлежниот јавен обвинител, така што не би било благодарно сега од ова место да одредувам правна квалификација наместо надлежниот обвинител“, изјави Савески.
Паралелно со Обвинителството, полицијата веќе отвори истрага за кривично дело „загадување на водата за пиење“ (предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик). Според информациите од МВР, постојат основи на сомневање за сериозни пропусти и незаконски дејствија:
Во расчистувањето на овој случај се вклучени повеќе институции. Покрај полицијата и обвинителството, на терен се и Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина, како и лиценциран вештак кој треба да изврши стручна процена на незаконски поставениот систем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

