14 април 2025
• од Вардарски
СДСМ остро реагира на текот на истрагата за трагичниот настан во Кочани, оценувајќи ја како политички мотивирана и целосно контролирана од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Во соопштение до јавноста, партијата тврди дека наместо да донесе правда, истрагата се претворила во фарса.
„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше да донесе одговорност и правда, очигледно е водена селективно. Се избегнува каква било одговорност на лица кои тогаш беа на клучни функции во МВР и други институции кои имаа обврска да го спречат настанот,“ стои во соопштението на СДСМ.
Партијата посочува дека вечерта на трагедијата на дежурство биле началници во ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ, кои имале директна одговорност и увид во ситуацијата. Според нив, на терен имало и полициски службеници кои биле сведоци на ситуацијата со пиротехниката и присуството на малолетници, но не презеле ништо.
„Никој од нив не е осомничен. Ова е селективна правда во која Тошковски ги штити своите – функционери кои тој лично ги има поставено,“ нагласуваат од СДСМ.
Дополнително, тие потенцираат дека дозволата за користење пиротехника – директен предизвикувач на пожарот – паѓа под надлежност на МВР. Според СДСМ, тоа е јасен доказ дека институциите потфрлиле токму во делот на превенција, за што исто така нема покрената одговорност.
„Оваа истрага ги доуништува семејствата на загинатите. Наместо правда, добиваат уште поголема неправда,“ велат од партијата.
СДСМ поставува и директни прашања:
Според нив, станува збор за класичен случај на политичко прикривање, каде власта се обидува да ги заштити своите кадри, без разлика на вистинската одговорност.
„СДСМ нема да дозволи оваа лага да стане вистина. Ќе се бориме за целосна и неселективна одговорност. Без разлика на функцијата, без разлика на партиската книшка. Правда за Кочани значи одговорност за сите – особено за оние кои имале можност да спречат, а не мрднале со прст,“ порачуваат од СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

