21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ реагираше на изјавите на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговите тврдења за „успешна влада“ и „реформи“ се ништо повеќе од обид да се прикрие реалната состојба – падот на рејтингот и растечкото незадоволство кај граѓаните.
Од СДСМ прашуваат дали Мицкоски навистина верува дека јавноста ќе се убеди дека нема корупција, кога, според нив, институциите се претвораат во партиски испостави. Дополнително, велат дека најважните ветувања од програмата останале само на хартија и дека реформите се сведуваат на празни зборови.
„Владата нема со што да се пофали, па сега преку лажна помпа се обидуваат да го деморализираат народот за да не ги казни на изборите“, порачаа од СДСМ.
Според партијата, по само една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се длабоко разочарани бидејќи очекуваните промени не дошле, а секојдневниот живот станува сè потежок.
„Гледаме институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница и молк за сите скандали што ги тресат институциите“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ сметаат дека повторувањето на Мицкоски дека нема корупција и дека владата функционира стабилно е далеку од реалноста во која живеат граѓаните.
„Изјавите на Мицкоски не се израз на сила, туку одраз на паника. Паника поради изгубената доверба, растечкото незадоволство и јасната порака од граѓаните дека ова не е промената што ја очекуваа“, заклучуваат од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

