15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Граѓаните на главниот град и околината со денови се соочуваат со густи облаци отровен чад, додека институциите остануваат пасивни, а Владата ја префрла одговорноста со приказни за „хибридни напади“.
Над половина милион жители на Скопје и околината се принудени да вдишуваат канцерогени материи поради пожарите што зафатија депонии и фабрики во Трубарево, Дрисла и Вардариште. Наместо навремена интервенција и јасни препораки за заштита на здравјето на луѓето, институциите задоцнето реагираа, а јавноста не доби никакви прецизни информации за состојбата.
Граѓаните и понатаму не знаат колкаво е загадувањето, какви материи се изгорени, ниту какви последици може да имаат по здравјето на долгорочен план.
СДСМ ја обвинува Владата на Христијан Мицкоски дека е директно одговорна за еколошката катастрофа. Според нив, најголем дел од депониите се под управување на ВМРО-ДПМНЕ и токму тие структури дозволиле да се случи екоцид од вакви размери.
„Доста беа приказни. За оваа еколошка катастрофа мора да има политичка и кривична одговорност,“ стои во реакцијата.
Опозициската партија бара Јавното обвинителство да ја прошири истрагата и за пожарите во Вардариште и Дрисла, а не само за Трубарево. Истрагата, според нив, мора да ги опфати сите одговорни лица и раководни структури кои дозволиле да дојде до еколошка катастрофа со опасни последици за здравјето на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

