26 април 2025
• од Вардарски
Во најновото соопштение до јавноста, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро ја критикува актуелната владејачка коалиција составена од ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, оценувајќи ја како раскарана, нефункционална и неспособна да ги исполнува обврските кон граѓаните.
Според СДСМ, наместо да се фокусираат на решавање на проблемите и унапредување на стандардот, владините партии се занимаваат со меѓусебни кавги, блокади и партиски калкулации. "Владата на ДПМНЕ тоне во внатрешни расправии и нема капацитет да реализира ниту проекти ниту политики од интерес на граѓаните, додека државата стагнира," наведуваат од партијата.
СДСМ предупредува дека економијата е во континуиран пад, институциите се нефункционални, а Владата има проблем дури и со навремено исплаќање плати. Според нив, ништо во државата не функционира како што треба, а граѓаните го чувствуваат товарот на неспособноста на власта.
„Очигледно е дека на партиите од владејачката коалиција не им е гајле за стандардот, животот и иднината на граѓаните. Единствено што им е важно се државните фотелји, личните интереси и тендерите,“ стои во соопштението.
СДСМ заклучува дека со ваква влада - раскарана, неспособна и незаинтересирана - Македонија нема никаква шанса за напредок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

