02 мај 2025
• од Вардарски
Со последниот извештај на „Репортери без граници“ за Индексот на слобода на медиумите за 2025 година, Македонија забележа пад за шест места — алармантен сигнал за тоа во која насока се движи државата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.
Од СДСМ предупредуваат дека независните медиуми се сè почесто цел на закани, напади и притисоци, а владините функционери покажуваат, како што стои во извештајот, „лоши и понижувачки ставови кон новинарите“. Наместо да ги унапредуваат демократските стандарди, новата влада, според нив, се враќа кон старите методи на контрола и страв.
„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под постојан притисок, а медиумскиот простор се затвора. За жал, оваа тенденција повторно се потврдува“, порачуваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека слободата на медиумите е основа на секое демократско општество и нагласуваат дека СДСМ ќе продолжи да се бори против, како што велат, регресивните политики на ДПМНЕ.
„Медиумските слободи не смеат да бидат жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции“, стои во реакцијата на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

