06 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ обвинува дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствувал на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани, заедно со полициски инспектор од Прилеп, што претставува сериозно прекршување на законите и злоупотреба на институциите.
Според соопштението на СДСМ, на состанокот во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кривогаштани бил присутен и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски. Опозициската партија укажува дека ова е директно кршење на Законот за внатрешни работи, кој строго ја регулира политичката неутралност на полициските службеници.
СДСМ наведува дека ваквото однесување претставува доказ дека полицијата под раководство на министерот Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ, наместо во служба на изборниот процес и граѓаните.
„Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ наместо на изборниот процес,“ стои во реакцијата на СДСМ.
Од СДСМ бараат итна реакција – разрешување и дисциплинска постапка за инспекторот Јосифоски, како и политичка одговорност од министерот Тошковски.
„Министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ,“ наведуваат од СДСМ.
СДСМ потсетува дека јавноста веќе искусила што значи партизирана полиција – притисоци, закани и злоупотреби во изборен процес – и порача дека тоа нема да се дозволи повторно.
„Полицијата мора да биде во служба на граѓаните, а не во служба на партиите,“ се нагласува во партиското соопштение.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

