25 март 2025
• од Гоце Кически
Опозициската партија СДСМ остро реагира и бара одговори од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство во врска со истрагата за трагедијата која ја потресе јавноста. И по 24 часа од поставените прашања, одговори нема, што според СДСМ е крајно загрижувачки.
Партијата изразува сомнеж дека истрагата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери, додека актуелните раководители на МВР остануваат изземени. СДСМ предупредува дека ваквата постапка е правна небулоза и ја поткопува довербата на јавноста во правниот систем.
„Селективната правда не е никаква правда. Ако се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко“, изјавуваат од СДСМ.
Партијата јавно ги поставува следните прашања:
СДСМ упатува апел до институциите за транспарентност и независност, нагласувајќи дека партиските одговори само го зголемуваат сомнежот за селективност и политички манипулации.
Партијата го повикува ВМРО-ДПМНЕ да не зборува во име на независните институции, истакнувајќи дека единствено објективна и сеопфатна истрага може да ја врати довербата на граѓаните и да обезбеди вистинска правда.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

