19 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисијата „Кавга со Иван“ на Канал 5, изнесе став во врска со историјата на пописите на Балканот за време на Османлиската империја. Села изјави дека, според неговото толкување на последниот попис спроведен од Османлиите, „Македонците не фигурирале како посебна етничка графа“.
Села зборуваше за прашањата на етничката структура во регионот, албанскиот идентитет и историските околности на Балканот. Во рамки на дискусијата, тој се повика на османлиските административни регистри, за кои нагласи дека ги категоризирале населението претежно според верска припадност, а не според современите концепти на национален идентитет.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

