11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Докторот на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шаини, кој пред неколку дена беше ранет со неколку куршуми во Куманово, денеска одржа прес-конференција на самото место каде што беше нападнат.
Шаини пред медиумите изјави дека неговата сопруга Арјета Адили нема никаква поврзаност со инцидентот, отфрлајќи ги сите тврдења дека зад нападот стои семеен мотив.
„Изјавувам пред јавноста дека немам никакво сознание за мотивите на овој атентат, немам нерасчистени сметки со никого, не сум нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго. Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили,“ изјави Шаини.
Тој нагласи дека случајот се прикажува со јасна намера за дискредитација на неговото име и на неговото семејство, како и за создавање забуна во јавноста.
„Итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга, која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност и особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили,“ додаде тој.
Шаини изрази огорченост поради информациите кои, според него, биле пласирани во јавноста со цел да му наштетат на личен, семеен и професионален план. Тој ги повика истражните органи да го пронајдат вистинскиот осомничен за нападот и да не го прикажуваат случајот како семеен спор.
„Ако навистина стануваше збор за семеен конфликт, никогаш не би живеел со мојата сопруга, со која имаме две деца,“ изјави докторот.
Шаини додаде дека нападот е сериозен обид за негово дискредитирање, како и дека јавноста треба да биде внимателна кон шпекулациите кои, според него, се дел од организирана кампања против него и неговото семејство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

