18 февруари 2025
• од Вардарски
Истрага отворена за семејно насилство покажала дека тетовец, освен што ја тепал сопругата ја принудувал да се проституира за пари и за дрога. Против него и против петмина корисници на сексуалните услуги Обвинителството отвори истрага, а судот им определи притвор.
Обвинителството утврдило дека првоосомничениот во период подолг од една година со закани ја принудувал сопругата со која 9 години бил во брак да дава сексуални услуги во локали во Тетово и во нивниот семеен дом, а тој самиот ги договарал клиентите, како и цената на услугата, а некогаш добивал и дрога во замена.
Ја следел преку видеоповик, а откако ќе му ги дала парите ја горел со цигари и ја тепал. За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексуалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, велат од обвинителството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

