04 февруари 2025
• од Вардарски
Потрагата по младиот Миле Тодоров денес стигна до мостот на реката Вардар, кај полигонот Криволак. Таму беа неговите другари и роднини, кои го пребаруваа брегот. Веруваат дека Миле е уште жив. Друг дел од блиските ги посетиле манастирите и црквите во Тиквешијата, но засега нема трага од нивниот другар и внук. Локацијата каде се пребаруваше до пладне е подалеку од местото каде се води како исчезнат, откако изминатите четири дена била пребарана блиската околина.
Тодоров исчезна на 30-ти јануари. Откако раскинал со работодавецот во Кавадарци, пеш заминал за Неготино, чиј жител бил. Кај село Марена му се губи трагата. На истото место следниот ден е пронајден неговиот мобилен, кој е на вештачење во МВР за да се најдат неговите контакти, рутата на движење. Другарите апелираат до сопствениците на викендички, напуштени куќи да проверат дали можеби во нив живее Миле, кој бил фудбалер и спортист.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

