06 мај 2025
• од Вардарски
Каја Шукова од СДСМ во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ „24“ предупреди дека евентуалното повлекување на Арбен Таравари од владата може да предизвика сериозна парламентарна криза. Според неа, потребен е зрел и одговорен политички пристап за да се избегнат поголеми турбуленции.
„Се зборува за две опции. Излегувањето на Таравари ќе значи парламентарна криза. Албанскиот блок ќе остане со осум пратеници бидејќи Таравари има пет. Ќе треба сериозно да се гледа на оваа тема и се надеваме дека ќе се донесе одлука. Треба да се реагира побргу. Ние не сме дел од тој дијалог, но треба да се реагира. Битно е да се покаже политичка зрелост, ние не го гледаме тоа“, изјави Шукова.
Таа потенцираше дека СДСМ е подготвен за предвремени парламентарни избори, дури и паралелно со локалните избори ако ситуацијата го бара тоа.
„Нашиот став е дека ние сме спремни за предвремени парламентарни избори паралелно со локалните, ако има таква ситуација. За политичкиот легитимитет ќе кажат граѓаните на локални избори. Се пласираат анкети кои не се реални, не ја покажуваат состојбата. Локалните избори ќе покажат, ние се спремаме со сериозни кандидати и не користиме наративи како ВМРО-ДПМНЕ дека ќе имаме најголема победа“, додаде Шукова.
Според неа, од клучно значење ќе биде како политичките актери ќе се постават во наредниот период и дали ќе демонстрираат подготвеност за решавање на предизвиците без да се загрози стабилноста на парламентарното мнозинство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

