26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
По обраќањето на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на Генералното собрание на Обединетите Нации, македонската делегација ја поздрави нејзината порака со аплауз. Но, еден член остана издвоен од заедничката реакција – министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Додека претседателката ја нагласуваше потребата Македонија да чекори кон Европската Унија без нови услови и уставни наметнувања, делегацијата што ја придружуваше испрати јасен знак на поддршка преку аплауз. Единствениот кој не се приклучи на оваа сцена беше министерот Муртезани. Според сведоци, тој целото време бил зафатен со својот мобилен телефон и не реагирал на излагањето на Давкова.
Овој потег не помина незабележано. Дел од присутните веднаш го протолкуваа како сигнал за постојните тензии меѓу институциите, особено во контекст на европските интеграции и актуелните политички дебати во земјата. Иронијата е уште поголема бидејќи токму Муртезани е ресорно задолжен за европските прашања, додека претседателката во својот говор токму на оваа тема ја стави главната тежина.
Останува отворено дали неговото однесување било случајна лична преокупација или пак намерна демонстрација на несогласување со ставовите на претседателката. Сепак, сцената пред камерите во Обединетите Нации отвори нови прашања за политичките односи и координацијата во македонската делегација на меѓународната сцена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

