26 мај 2025
• од Вардарски
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против четири лица, двајца странски и двајца македонски државјани, осомничени за организирање на меѓународна мрежа за елитна проституција и перење пари преку криптовалути.
Според обвинението, мрежата делувала во периодот од декември 2023 до ноември 2024 година, со центар на активностите во Скопје. Првообвинетата, државјанка на Бразил со престој во Македонија, заедно со второобвинетиот, македонски државјанин роден во Сирија, регрутирале и организирале жени од Бразил за сексуална експлоатација. Жените биле сместувани во луксузни станови во комплексот „Џевахир Холдинг“, од каде се нуделе сексуални услуги преку веб-страницата eurogirlsescort.com.
На веб-страницата биле објавувани фотографии со експлицитна содржина, како и цени за различни услуги – од 150 евра за половина час, до 800 евра за цела ноќ. Контакт броевите и деталите за секоја жртва ги администрирала првообвинетата, која била одговорна и за комуникацијата со клиентите и логистиката.
Приходите од проституцијата биле делени меѓу обвинетите, а потоа трансферирани во странство преку Western Union до приматели во Бразил и Португалија. Дополнително, дел од парите биле испрани преку трансакции во криптовалути, со цел да се прикрие нивното потекло.
Третообвинетиот и четвртообвинетиот се товарат за помагање во перење пари. Четвртиот обвинет не само што користел сексуални услуги, туку ѝ помогнал на една од жртвите да ги трансферира средствата во криптовалута и да ги конвертира во кеш.
Обвинителството побара продолжување на мерката притвор за тројца од обвинетите, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Истрагата ја третира оваа криминална шема како дел од поширока транснационална активност со сериозни индиции за организиран криминал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

