21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Сообраќајната состојба на патиштата низ државата значително се влоши поради обилните снежни врнежи што предизвикаа затворање и ограничувања на повеќе патни правци.
Од 9:16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес – Скопје поради активности за расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Забраната важи за сите видови возила, што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот на овој фреквентен патен правец.
Покрај тоа, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар, каде снежните наноси и лизгавите коловози претставуваат сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот.
Надлежните служби се на терен и работат на расчистување и одржување на патиштата, но поради континуираните врнежи состојбата останува променлива. Од АМСМ апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја следат актуелната состојба на патиштата и строго да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки и препораки.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

