08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Необична сообраќајна незгода се случи ноќеска на улица „Бихаќка“ во Скопје, непосредно пред Министерството за внатрешни работи.
Според првичните информации, околу 01:00 часот по полноќ тротинет удрил во велосипедист. Од ударот, велосипедистот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болница. Возачот на тротинетот, пак, веднаш по инцидентот избегал од местото на настанот.
Оваа случка дополнително ја актуелизира проблематиката со движењето на електрични тротинети во сообраќајот. Само пред неколку дена, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски јавно изјави дека и тој за малку ќе бил удрен од деца кои управувале со тротинет.
Надлежните органи преземаат мерки за расветлување на случајот и идентификација на возачот кој избегал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден