07 март 2025
• од Вардарски
Избор на вкупно 47 обвинители во 18 јавни обвинителства е на дневниот ред од 20 седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во просториите на Советот.
Најмногу, 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.
Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.
По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.
Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.
За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

