27 февруари 2025
• од Вардарски
24 земји, меѓу кои и Македонија, испратиле информација до Европската комисија дека прифаќаат отпадни материјали. Македонија бара да увезува осумнаесет типови отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската унија.
Станува збор за метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло.
Целосната листа неодамна ја објави Министерството за животна средина, и рече дека таа ќе биде доставена до Европската комисија.
Во следната фаза, Европската комисија е таа којашто ќе треба да одлучи дали земјата има капацитет да управува со овој отпад на еколошки, здрав начин согласно правилата на ЕУ законодавството.
Од тоа зависи дали земјата ќе се најде на листата на земји кои ќе можат да вршат увоз на отпад од ЕУ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

