21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Српскиот историчар во свое обраќање тврди дека ВМРО била организација создадена од Бугарите со јасна цел – бугаризација и окупација на Македонија. Тој нагласува дека поимот „Македонија“ во тој историски контекст имал многу пошироко значење од денешните граници.
Историчарот вели дека бугарските структури ја формирале таканаречената Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), која според него, имала политички и воени активности насочени кон промената на идентитетот и контрола на регионот. Како дел од тие активности, тој го споменува и Илинденското востание, кое го опишува како обид да се предизвика внимание од меѓународната јавност.
„Овие бугарски терористи го кренаа таканареченото Илинденско востание затоа што сакаа да ја прикажат сликата дека Бугарите се жртви нападнати од Турците, додека тие самите се бореле за свои политички цели,“ вели историчарот.
Тој додава дека востанието било организирано во време кога Отоманската империја веќе се соочувала со сериозни внатрешни проблеми и процес на европеизација. „Турција тогаш беше на работ на исчезнување – младотурците, европските идеи и новите движења ја менуваа целата структура на империјата,“ истакнува историчарот, додавајќи со иронија дека во тој процес се појавувале и разни „невладини организации и Мики Маус“.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден