25 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави дека во петок, 26 септември, освен закажаниот протест во 18 часот, ќе се одржи и утринска акција со блокада на мостот „Близнаци“. Блокадата ќе започне во 07:30 часот и ќе трае со цел да се изврши притисок врз надлежните институции за исполнување на нивните итни барања. Мостот „Близнаци“ ја поврзува општина Аеродром со општина Гази Баба.
Организаторите апелираат до работодавците да покажат разбирање и толеранција доколку вработените задоцнат на работа поради протестот. Исто така, возачите се замолени за трпение и поддршка заради заедничката цел – чист воздух за сите граѓани.
Иницијативата нагласува дека овој чекор се презема поради истекувањето на рокот од пет дена, кој им беше даден на институциите за да почнат со исполнување на следните барања:
Барањата беа доставени до претседателката на државата, Владата, Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјални политики, Град Скопје, како и до општините Гази Баба и Аеродром. Сепак, до моментот иницијативата не добила одговор од ниту една институција.
„Ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат, бидејќи чистиот воздух е приоритет за сите нас“, порачаа од „Стоп за Вардариште“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

