30 април 2025
• од Вардарски
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека се радува на обединувањето на коалицијата „Влен“, но истакна дека Алијанса за Албанците ќе настапи со сопствени листи и кандидати на претстојните локални избори.
„Вчера ‘Влен’ се обедини, им посакувам многу успех. Многу се радувам што се споија трите партии. Подобро една партија, отколку три. Им посакувам успех на изборите. Ние, како Алијанса, ќе излеземе со наши сопствени листи и најверојатно со наши кандидати за градоначалници“, рече Таравари одговарајќи на новинарско прашање.
На прашање дали ова значи дека Алијанса веќе не е дел од коалицијата „Влен“ и дали нејзините пет пратеници ќе формираат посебна пратеничка група во Собранието, Таравари изјави дека засега таква одлука нема, но не ја исклучи можноста.
„Засега, немаме таква одлука. Меѓутоа, ако се иницира, без разлика, ние имаме пет наши пратеници, тие ќе продолжат како пратеничка група, ‘Влен’ ќе си има своја пратеничка група“, рече министерот.
Министерот информираше и дека ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од Шпанија, но не прецизираше датум, додавајќи дека остануваат во постојана комуникација.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

