26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Полицијата во Теарце привела 56-годишен жител на Тетово поради сериозни сообраќајни прекршоци.
На 25 септември 2025 година, околу 16:40 часот, полициски службеници го сопреле Р.Љ. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото имало преправени регистарски таблички, кои биле обоени со црвена боја, како и вградени светлосни сигнали – флешери.
Против лицето ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за прекршување на член 139 точка 11 и член 36 точка 5 од Законот за возила, како и член 225 точка 9 од Законот за безбедност на патниот сообраќај.
Од приведениот се одземени преправените регистарски таблички и нелегално вградените светлосни уреди. По целосното документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни постапки пред надлежните органи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

