03 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На 2 август, цела Македонија се поклонува пред сенките на хероите од Илинденското востание – симболот на македонската борба за национално ослободување. Но, покрај прославата, овој ден е и повод за размислување, самосознание и чесен поглед кон историјата. Така размислува и Тони Коцев од Штип, кој во својот јавен став не потсетува на важни историски факти кои со текот на времето често се забораваат или свесно се потиснуваат.
Во Воениот музеј „Харбије“ во Истанбул денес стои црешовото топче кое било користено од крушевските востаници во 1903 година. Запленето од османлиската војска, топчето таму е заведено како – бугарско. Овој симбол, кој во Македонија се слави како македонско оружје на слободата, во османлиските документи и турскиот музеј носи сосема поинаква национална ознака.
Историјата зборува низ изјавите и делата на нејзините актери. Крсте Петков Мисирков, еден од најзначајните македонски интелектуалци, во своите записи пишува:
„Неуспехот на востанието е јасен како бел ден. Не е општомакедонско, туку е делумно и има бугарска боја.“
Истото го потврдува и писмото до бугарската влада од страна на тројца видни востанички лидери – Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов:
„Многу бугарски села беа запалени и многу Бугари убиени од страна на турските тирани и башибозуци.“
Во едно поново сведоштво, Маријан Ѓорчев – висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, изјави пред ТВ-камери:
„Во даден простор и време, тогаш сите се чувствувале како Бугари.“
Овие факти не треба да се користат за поделби, туку како потсетник дека историјата е сложена и не секогаш црно-бела. Народот што се крена против тиранијата во 1903 година, бил воден од желбата за слобода. Неговите потомци денес се Македонци и со право го слават Илинден како национален празник. Но да не заборавиме – патот до македонската државност бил крвав, сложен и исполнет со различни идентитети, кои со текот на времето еволуирале.
Тони Коцев од Штип поракува:
„Слави, македонски народе, но и памети. Чествувај го Илинден како твој светол ден, но не бегај од вистината – во минатото, многумина се чувствувале како Бугари. Тоа не ја прави помала борбата, туку ја прави вистинска и човечка.“
Среќен Илинден – ден на гордост, но и на искреност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

