21 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во вечерашната емисија „Директно“ се соочија ставовите на синдикатите, политиката и бизнис-секторот. Во дебатата учествуваа Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ и Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.
На самиот почеток од емисијата, Трендафилов најави дека наредната недела е можно одржување на генерален штрајк, поради, како што рече, молкот на Владата околу зголемувањето на минималната плата. Според него, минималната плата во државата е меѓу најниските не само на Балканот, туку и во Европа, што директно го погодува животниот стандард на работниците.
„Ниту Владата, ниту работодавачите успеаја да се договорат до крајот на минатата година, а искрената желба за подобрување на животниот стандард не ја гледаме. Во 2025 година работниците беа оставени на ветрометина, да се снаоѓаат како знаат и умеат“, изјави Трендафилов.
Тој посочи дека зголемените трошоци за живот, ниските плати и сè потешката економска состојба биле детално анализирани и презентирани на последната седница на Економско-социјалниот совет. Според него, синдикатите изготвиле сеопфатна анализа со која ги побиле сите изговори што институциите ги користеле во изминатата година, но без резултат.
„Не сакаа да нè слушнат, не сакаа да се договорат“, нагласи Трендафилов.
Во своето излагање, тој упати и остра критика до Владата, оценувајќи дека таа реално не ја согледува состојбата во која се наоѓаат граѓаните.
„Владата, наместо да ги симне розовите наочари, води држава која е најсиромашна во Европа, со работници кои се најсиромашните. Со одбивањето да седнат на маса со синдикатите, тие директно ќе ја понесат одговорноста за првиот генерален штрајк што ќе се случи оваа година“, заклучи Трендафилов.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

