21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
По претставката за првиот од трите огласи за вработување ова лето во Македонска навигација (М-НАВ), кога на работа беа примени повеќе партиски кадри и роднини на функционери, трудовиот инспектор за работни односи не утврди повреди на Колективниот договор.
Во првиот конкурс вработени беа потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, сопругот на директорка на Централниот регистер од истата партија, сопругата на лице осудено за нападот на Собранието во 2017 година и други лица со партиска позадина.
Иако Синдикатот на контролори на летање преку адвокатката Сузана Јошевска-Атанасовска поднесе претставка, предметот долго време стоел нерешен – прво поради префрлање меѓу канцеларии, а потоа бидејќи архиварката била на одмор. Дури по нејзиното враќање, инспекторот Никола Чапов од Неготино извршил контрола.
Во извештајот, инспекторот само прераскажува дека директорот Владимир Ристевски и двајцата негови колеги директори самостојно одлучувале кој ќе биде вработен. Контролорката од Синдикатот не била пуштена да присуствува на интервјуата.
И покрај тоа, во решението е наведено дека нема правна основа за поништување на огласот. Во меѓувреме, избраните кадри веќе биле вработени на советнички и други работни места.
Инспекторот Чапов одби да даде објаснување зошто во извештајот нема насоки, повикувајќи се дека не е овластен за изјави и упати медиумите кон централата во Скопје.
Во меѓувреме, слично сценарио се повторило и со следниот оглас – со прекршување на Колективниот договор бил вработен синот на пратеничка од ВЛЕН, како и нови кадри блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.
Синдикатот на контролорите поднел нови претставки и за овие случаи, меѓу кои и за повторениот дел од првиот оглас. Таму биле примени кандидати како поранешниот кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демири, како и други лица кои претходно не успеале да се вработат.
Иако инспекцијата формално не утврдила прекршувања, документите во архивата на М-НАВ покажуваат дека голем дел од избраните кандидати учествувале и на претходните конкурси, што дополнително го засилува сомнежот во транспарентноста и регуларноста на процесите за вработување.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден