06 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Скандалозен почеток на новата учебна година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром. Наместо во училници, дел од учениците се приморани наставата да ја следат во импровизирани подрумски простории, кои се во руинирана состојба, без природна светлина и исполнети со влага и неподнослива смрдеа.
Според информациите што ги објави Левица – Аеродром, во овие простории учат учениците од седмо одделение. Родители алармираат дека условите се толку неподносливи, што на некои од децата им се слошило и дури повраќале поради силната миризба на мувла и влага.
Од Левица остро реагираат, нарекувајќи ја ситуацијата „понижување на најмладите“ и „срам за општината“. Тие додаваат дека вакви услови не се достојни дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво училишно опкружување.
Дополнителен скандал, велат од партијата, е фактот што пред четири години ДПМНЕ ветиле целосна реконструкција на училиштата во општината, но во изминатиот мандат ништо не било реализирано.
Локалниот огранок на Левица бара итно да се обезбедат нормални услови за учениците и тие да бидат преместени во соодветни училници каде ќе можат безбедно и достоинствено да ја следат наставата. „Мора да се стави крај на оваа срамна состојба и сите деца во Општина Аеродром да имаат право на квалитетно образование во пристојни услови,“ порачуваат од Левица – Аеродром.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден