22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
По една седмица онлајн настава поради загадувањето предизвикано од пожарот во магацин за рециклирање отпад, денеска околу 1800 ученици од четири основни училишта во Трубарево повторно се вратија во училниците. Одлуката беше донесена откако Владата и Министерството за образование и наука (МОН) оценија дека во моментов нема опасност по здравјето на учениците и наставниците.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, при денешната посета на основното училиште „Св. Наум Охридски“ истакна дека наставата со физичко присуство останува приоритет. Таа нагласи дека доколку Министерството за животна средина или Министерството за здравство укажат на нови ризици, МОН веднаш ќе реагира со повторно преминување на онлајн настава.
„Нема подобра и поефикасна настава од наставата со физичко присуство. Ако добиеме информации за загрозеност на здравјето, ќе реагираме веднаш, како што тоа го направивме и минатиот викенд,“ изјави Јаневска.
Во периодот од 14 до 19 септември, онлајн настава беше организирана во четири училишта на територија на општина Гази Баба:
Прекинот на наставата со физичко присуство беше превентивна мерка, со цел заштита на здравјето на учениците поради присуство на штетни материи во воздухот.
Со денешното враќање на 1800 ученици во училниците, наставниот процес продолжува нормално. Надлежните институции ќе продолжат да ја следат состојбата на терен, а доколку се појави нова опасност по здравјето, образовниот процес повторно ќе се адаптира на онлајн модел.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

