04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Али Ахмети ја започна својата политичка одисеја од илегалност, во време кога Албанците во Македонија живееја под притисок и персекузија. Тој се појави како лидер на Ослободителната национална армија, носејќи униформа и храброст што малкумина ја имаа – да му се спротивстават на системот кој ја признаваше само силата. Така започна да се гради култот на една личност која брзо стана симбол на отпор, херој на масите и, подоцна, основач на политичка партија што и по повеќе од 20 години останува во центарот на политичките процеси.
Во 2001 година, Ахмети беше име што секој Албанец во земјата го познаваше. Со тек на времето, иако дел од неговите поддржувачи се оддалечија, тој успеа да изгради политички авторитет кој не само што победуваше избори, туку и ја обликуваше нарацијата на албанската политика во Северна Македонија. Ахмети не беше само преживеан политичар – тој беше доминантен.
Најтешкиот период за Ахмети беше коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ. За да остане дел од власта, мораше да плати висока цена: губење на половина од гласачката поддршка и дел од неговиот сјај. Сепак, со трансформацијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од етничка партија во граѓански субјект, тој успеа да ги врати изгубените редови и повторно да се издигне како клучен фактор во политичките процеси.
Неговите противници многупати го прогласуваа за „поразен“, често користејќи навредлив речник. Но Ахмети секогаш успеваше да остане над таквите напади – со смиреност, едноставен јазик и повик за единство. Пред секои избори, неговата пораката остануваше иста: „ДУИ ќе победи.“ И навистина, повторно и повторно, успеваше да излезе како победник.
Две децении подоцна, Али Ахмети сè уште е тука – непокорен и присутен. Тој повеќе не е идеалистот со униформа, но ниту е „потрошениот политичар“ што неговите противници посакуваат да го видат. Денес тој се соочува со удари и однадвор и одвнатре, дури и од сопствената партија. Но неговата политичка тежина и натаму е непобитна.
Ахмети останува енигма: за едни симбол на истрајност, за други пречка за нов почеток. Но едно е сигурно – политичката сцена во Северна Македонија сè уште не може да се замисли без него.
Автор: Урим Салиу – Tetovasot
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

