04 февруари 2025
• од Вардарски
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала се почувствува во 9 часот и 18 минути во Штип и околината, регистриран и во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје.
„Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.
Потресот беше краток. Ова е втор земјотрес од ноќеска по оној во Дебар во 01.50 часот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

