22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изрази сериозно незадоволство поради состојбата со отпадот во општината. Според него, целиот Центар е преполн со ѓубре, а за тоа ја обвини јавното претпријатие „Комунална хигиена“, кое е под надлежност на Град Скопје.
Герасимовски изјави дека општинските хигиеничари биле принудени дополнително да интервенираат и да го исчистат она што не било завршено од страна на „Комунална хигиена“ во изминатите денови.
„Нашите хигиеничари доработуваат она што комунална хигиена не го сработела изминатите денови. И по овој мој апел, ќе слушнеме демант од страна на претпријатието, дека навремено си ги завршуваат обврските. Општина Центар е преполна со ѓубре“, изјави градоначалникот.
Ова не е првпат да се појават несогласувања меѓу општината и градските јавни претпријатија околу одржувањето на хигиената. Герасимовски најави дека ќе продолжи да апелира и да укажува на проблемите, со надеж дека ќе се подобри редовното чистење и одржување на јавниот простор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

