06 февруари 2025
• од Вардарски
Ивон Величковски, денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека српскиот свет има силно влијание во Македонија, и објасни на што ги темели овие негови размислувања.
„Државните органи и политичките партии избегнуваат да креираат политика од интерес на граѓаните на Македонија, како и на припадниците на сите етнички групи, но и оние кои припадници на народот кои не се наведени во Уставот. Интересите на Северна Македонија се саботирани од политичките елити на Македонците, и од политичките елити предводени пред се од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Историчари блиски до Вучиќ сакаат продолжување на тезите во југословенството, во рамките на федеративното уредување. Секој од народите кои произлегоа од СФРЈ, имаат можност да ги градат своите политики врз основа на сопствените интереси. Но, српската политика има потреба на продолжување на мешање на тој југословенски Белград, и сака да го задржи политичкото, економското и безбедносното влијание во неколку држави меѓу кои Македонија, БИХ, Црна Гора и Косово“, изјави Величковски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

