08 март 2025
• од Вардарски
Поранешниот премиер на Македонија и поранешен претседател на СДСМ, Владо Бучковски, изјави дека Македонија нема поголем сојузник од Бугарија и дека инфраструктурните недостатоци меѓу двете држави претставуваат сериозен проблем.
Според него, патувањето од Скопје до Софија, кое трае три и пол часа и покрај тоа што двата главни града се оддалечени само 200 километри, е срамота и показател за недоволниот развој на сообраќајната поврзаност. Тој посочи дека недостигот на железничка линија помеѓу двата града е голема пречка, бидејќи со воз тоа растојание би можело да се помине за час и половина до два часа.
„Ова создава сериозни проблеми, а причината е на македонска страна“, истакна Бучковски. Тој нагласи дека Македонија се соочува со наследени предизвици од времето на Југославија, кои се уште го попречуваат целосниот развој на сојузништвото со Бугарија.
Бучковски, кој е познат по својата заложба за подобрување на односите со источниот сосед, изјави дека во Софија се чувствува како дома и дека верува во потребата од поблиска соработка меѓу двете држави. Според него, Бугарија останува клучен партнер за Македонија, а надминувањето на инфраструктурните и историските бариери е неопходно за зајакнување на билатералните односи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

