05 март 2025
• од Вардарски
Познатиот српски историчар Владимир Тодиќ во својата најнова изјава го изнесе ставот дека поранешните сили на ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација) активно учествувале во воените конфликти на страната на Бугарија, особено во периодот од 1915 до 1916 година. Според него, припадниците на ВМРО ја гледале можноста за создавање на автономна Македонија преку проширена Бугарија, што довело до нивна соработка со бугарските власти.
Тодиќ истакна дека, иако ВМРО имало свои регионални специфичности и се залагало за некаква форма на автономност на Македонија, сепак во национален контекст многу од нивните членови се идентификувале како Бугари. Тој нагласи дека врските на ВМРО со бугарскиот двор биле значајни и дека нивните активности во тој период во голема мера биле во служба на бугарските интереси.
„Знаете дека поранешните сили на ВМРО учествуваа во најголема мера во тие воени конфликти на страна на Бугарија, затоа што преку проширена Бугарија ја видоа можноста да се создаде автономна Македонија. Можеме да кажеме дека најголемиот дел од тогашните Вмровци беа поврзани со бугарскиот двор, без разлика што имаа некои свои регионални специфичности. Сепак, тие сакаа Македонија да има некаква своја автономност, но во национална смисла тие беа Бугари и работеа за бугарските интереси“, изјави Тодиќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

