30 март 2025
• од Вардарски
Бугарскиот активист и претставник на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, упати остра реакција до новинарот Љупчо Златев, обвинувајќи го за ширење невистини и клевети против фондацијата и самата Бугарија. Повод за оваа негова изјава беше напис објавен на македонскиот портал Лидер.мк, кој се однесува на фондацијата и една историска фотографија од Охрид од 1941 година, која била споделена од нив.
Во видео обраќање, Стојанов порача дека Златев не смее да ги користи медиумите за да создава омраза меѓу македонскиот и бугарскиот народ, велејќи:
„Не можеш да лажеш и да клеветиш Бугарија и Фондација Македонија, за да создаваш омраза меѓу Бугари и Македонци.“
Стојанов побара од Златев да ја избрише објавата на Лидер, оценувајќи ја како целосна невистина. Тој нагласи дека луѓето поврзани со Фондацијата „Македонија“ не се „преплашени Бугари од Македонија“, како што било наведено во текстот, туку активисти кои работат на градење на мостови меѓу двата народа.
Иако од страна на Лидер.мк сè уште нема официјална реакција, случувањата отвораат прашања за одговорноста на медиумите при третирање на чувствителни историски и меѓудржавни теми.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

